Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов е нов играч на тимот на Сигма Оломуц. По епизодата во Пиаст Гливице, фудбалерот за врска оди во Чешка каде што ќе настапува за тимот на Сигма, кој што пак летово има евро настапи.
Костадинов е стандарден наш репрезентативец сиве овие години и има голем број на настапи.
Селекторот Благоја Милевски исклучително му верува, и тој секако дека враќа со одлични игри.
Костадинов е некогашен играч на Тетекс, Ружомберок, Пиаст Гливице….