Уф, каков победнички старт на пријателските мечеви на Вардар во Словенија. Попаднево во Турнишче, тимот на Гоце Седлоски просто го “збриша“ шампионот на Црна Гора, Будуќност и тоа со 3:0.
Јасно е дека ова се контроли, но да се победи на таков начин и со тој резултат еден тим како што е Будуќност, секако дека не е мала работа, напротив.
Вардар дојде во водство со голот на Едиз Спахиу, за да потоа двапати Горан Закариќ ја тресеше мрежата на противникот од Црна Гора.
Од извештаите од Словенија, се вели дека освојувачот на Купот на Македонија одиграл извонреден натпревар, со полн ритам, со креирање на акции и се разбира со три гола во противничката мрежа.
Нема што, и во Словенија, како и во текот на целата пролет, Вардар ја покажува својата моќ, својот квалитет.