Познато е кога ЕХФ ќе му го додели шампионскиот пехар на Алкалоид!

549

Откако ЕХФ го реши случајот Алкалоид и АЕК за неодиграниот втор финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, и титулата сосема заслужено му ја додели на македонскиот тим, сега е познато кога ќе пристигне пехарот во Скопје.

Од европската куќа на ракометот го известиле Алкалоид дека шампионската титула ќе му биде доделена на првиот европски меч на домашен терен во сезоната што доаѓа.

Кирил Лазаров и неговите момци со освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп ќе можат да играат едно квалификациско коло за пласман во групната фаза во Европската лига. Останува тимот од Автокоманда да одлучи дали ќе оди едно ниво погоре, што пак нема да биде изненадување. Алкалоид од самото основање повлече потези кои до сега се покажаа како полн погодок.

Со ростер составен со 90% македонски ракометари успеа да го оствари она што до сега на ниту еден наш тим не му успеа. Алкалоид е првиот македонски клуб кој го освои ЕХФ Европскиот Куп, а Лазаров постана првиот македонски тренер кој на македонски тим му донел европска титула.

Од сезона во сезона, овој тим пишува историја.

За постетување АЕК не излезе на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ на вториот финален натпревар поради своите навивачи. Овој тим доби суспензија од страна на ЕХФ, има забрана од две години (една условно) да се натпреварува во сите клупски натпреварувања под капата на ЕХФ.

ПретходноПријателски: Силекс – Работнички 0:0, Шкендија славеше против Арџеш!
СледноСКП: Голманот Кобел ја спаси Борусија Дортмунд од пораз!