Попладнево сите наши клубови кои ова лето ќе играат во Европа, ги одиграа првите пријателски мечеви. Во Словенија, како што веќе објавивме, екипата на Вардар со 3:0 го победи Будуќност.
Во Кратово меѓусебе одиграа Силекс и Работнички, а овој натпревар заврши без голови. Треба да се каже дека ова беше деби на клупата на тимот од Градски парк, на Бојан Маркоски.
Во Словенија, шампионот Шкендија со 1:0 успеа да слави протвив романскиот второлигаш Арџеш Питешти и тоа со голот на Тамба во 89.минута.
Колку за потсетување, во текот на денот сите наши клубови ги дознаа своите ривали во 1.квалификациски кола во Лигата на Шампионите (Шкендија) и Лигата на Конференции (Вардар, Работнички и Силекс).
ФОТО: ФК Работнички/ФБ
ФОТО: КФ Шкендија/ФБ