Работнички ќе патува во Белорусија, Силекс оди на Дечич од Црна Гора

300

Тукушто заврши ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на Конференции. Имавме три претставници во неа, и сите ги добија своите противници. Освојувачот на купот, тимот на Вардар ќе патува за Сан Марино каде што ќе одигра дуел со тимот на Ла Флорита, додека пак тимот на Работнички патува за Белорусија.

„Романтичарите“ си закажаа дуел со тимот на Торпедо Билаз. „Романтичарите“ ќе патуваат далеку, и за противникот ќе треба да се бараат сериозно добри информации како би се дознало за каков тим точно станува збор.

Конечно, тимот на Силекс, во првото коло има задача да го елиминира претставникот на Црна Гора, екипата на Дечич. И кратовци првиот меч го играат на гости.

Стартите дуели се играат на 10., а реваншите се играат на 17. јули.

 

 

ПретходноВардар го доби посакуваниот противник, Ла Фиорита од Сан Марино
СледноПротивник по мерак, Вардар пред долго европско лето