Флуминенсе – Борусија Дортмунд 0:0 вечерва на “МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси, во меч од 1.коло во групата Ф. И веднаш да кажеме дека “милионерите“ од Дортмунд освоија бод, односно не се поразени само поради фантастичните одбрани на Кобел, кои во неколку наврати правеше чуда на својот гол.
Ова беше интересна средба, недостигаа само голови за да впечатокот биде целосен, но сепак тимот од Бразил, за кого настапи легендарниот Тиаго Силва, морташе да се задоволи со бод.
Во следното коло Бразилците играат против Улсан од Ј. Кореја, додека Дортмунд се среќава со тимот на Мамелоди од Ј. Африка.
Да споменеме и тоа дека за Борусија Дортмунд, своето деби го имаше Џоб Белингем, братот на славниот Џуд Белингем.
ФОТО: ФЦ Борусија Дортмунд/ФБ