Голманот Христијан Стевковски повеќе нема да биде дел од Струга Трим Лум во новата сезона. Тој иако имаше важечки договор, во разговорите со раководството на клубот, со заедничка согласност беше одлучено договорот да биде раскинат предвреме. Стевковски се приклучи на тимот на Струга Трим Лум во јули минатата година, кога дојде од тимот на Македонија Ѓ.П. Истиот играч настапи на вкупно 10 натпревари минатата сезона, вклучувајќи 2 натпревари од Купот.
Струга Трим Лум му изрази благодарност на Стевковски за неговиот придонес во „црвено-белиот“ дрес, посакувајќи му многу успеси во иднина во кариерата.
Стевковски е третото име, по Бесарт Кривањева и Никола Влајковиќ, со кого некогашниот шампион се раздели ова лето.