Париз – Монако 2:0 во финалната серија во кошаркарскиот шампионат на Франција. Вечерва на свој терен, тимот на Париз со 92:67 просто го прегази составот на Монако.
Јасно е дека уште еднаш македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше фантастичен, маестрален и кога игра така тогаш нема дилеми дека неговиот тим победув и тоа убедливо.
Шортс вечерва запиша 28 поени, имаше 3 скокови и 5 асистенции и тоа само за 22 минути минати на паркетот.
Со оваа победа Париз не само што е на чекор до титулата, се игра во три добиени во оваа финална серија, туку е и до испишување на историја.
Имено никогаш досега овој клуб не бил шампион на Франција, еве сега му се пружа златна шанса.
Со Шортс, кој следната сезона ќе игра за Панатинаикос, се е можно.
ФОТО: БЦ Париз/ФБ