Бесарт го „уништи“ ТНС во 2018 година, време за реприза (ВИДЕО)

357

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Шкендија го доби својот противник за првото квалификациско коло во Лигата на Шапионите. Тоа е шампионот на Велс, тимот на ТНС.

Стар познаник за тетовци, затоа што веќе еднаш овие два тима се сретнаа токму во оваа фаза од натпреварувањето.
Поточно, во 2018 година во сега веќе некои слободно да се каже други времиња, во кои најдобар беше „неуништивиот“ Бесарт Ибраими.

И тогаш и сега, напаѓачот на Шкендија беше број еден во „црвено – црниот“ табор. Тогаш на маестрален начин на Арената во Скопје му помогна на својот тим ТНС да биде победен со огромни 5:0.

Постигна четири гола, а во листата на стрелците се запиша и Изаир Емини.

Се надеваме дека Бесарт Ибраими повторно ќе блесне вака и ќе и овозможи на Шкендија да има долго успешно европско лето.

ПретходноШкендија со познат противник во првото квалификациско коло, знае веќе како против ТНС
СледноМладинките стартуваа со мисијата ЕП!