Младинките стартуваа со мисијата ЕП!

66

Македонската младинска женска ракометна репрезентација (У19) стартуваше со подготовките за настап на Европското првенство 2025, кое ќе се одржи од 09 до 20 јули во Подгорица, Црна Гора.

Селекторот, Симе Симовски и неговите избранички стартуваа со подготовките за овој шампионат. Од првичниот поширок список остнаа 23 ракометарки, бројка која ќе биде скратена пред заминувањето.

Македонија е во групата А заедно со Унгарија, Полска и Чешка.

Распоред и термини на натпреварите:

  • Унгарија – Македонија 09.07 – 19:30 часот
  • Македонија – Полска 10.07 – 14:30 часот
  • Чешка – Македонија 12.07 – 19:30 часот

ПретходноБесарт го „уништи“ ТНС во 2018 година, време за реприза (ВИДЕО)
СледноКвалификации прво коло ЛШ: Зрински оди во Сан Марино, Дрита во Луксембург