Иако Кристијано Роналдо е далеку од својот зенит, сепак тој е вистинска “машина“ за правење пари. Па така ако се земат неговите приходи во изминатата година, поточно за сезоната 2024/25 тој е убедливо најплатениот фудбалер во светот и тоа со приходи од 250 милиони долари годишно. Неговиот договор со Ал Наср изнесуваше 200 милиони, се останато е од спонзорски договори, бонуси и слично.
Некои велат дека годишните приходи на Португалецот се и поголеми.
На второ место е Лео Меси со 120 милиони долари годишно, тука покрај договорот со Интер Мајами влегуваат сите оние силни договори што се надвор од платата во клубот од Мајами. Има шпекулации дека Меси заработува и до 150 милиони долари.
Нејмар е сеуште на третото место иако веќе неколку месци не е во Саудиска Арабија, каде што заработуваше вистинско богатство, туку во Сантос. Веројатно во сумата од нешто повеќе од 110 милиони долари влегува и заработката од времето кога беше член на Ал Хилал.
По него тука е Килијан Мбапе со 100 милиони долари заработка, додека во ова друштво е и Ерлинг Халанд со речиси 50 милиони долари годишна заработка.
ТАБЕЛА
1.Кристијано Роналдо (Ал Наср) 250 милиони долари
2.Лео Меси (Интер Мајами) 120 милиони долари
3.Нејмар (Сантос) 110 милиони долари
4.Килијан Мбапе (Реал Мадрид) 100 милиони долари
5.Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 50 милиони долари
ФОТО: Лео Меси и Кристијано Роналдо/Х