Оавојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар, предмалку го доби својот противник во првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Од прва што се вели, Вардар го доби она што го посакуваше. Најлесниот противник од она што имаше опција да го добие. Претставникот на Сан Марино, тимот на Ла Фиорита. Во скратената верзија на ждрепката според УЕФА, нашиот претставник можеше да вкрсти уште и со екипите на Дуделанж од Луксембург, инаку веќе учесник во групната фаза, Сутјеска од Црна Гора, исто така незгоден противник, и конечно, тимот на Копер од Словенија, кој на пример како ново засилување го има Јосип Иличиќ!?
Сепак, Вардар имаше среќа, и ги доби аматерите од Сан Марино. Што да се напише за нив? Тотални анонимуси за секакви фудбалски прилики. Ла Фиорита во изминатиот шампионат на својата земја, го освои второто место и на тој начин се пласираше во Европа.
Имаат неколку аргентински интернационалци и еден бразилец но реалноста е следна. Нивниот стадион собира само петстотини гледачи, веројатно и нема европски „пас“ и Ла Фиорита не игра на свој терен што се вели меѓународни средби. Вардар е објективен фаворит во овој двомеч и се освен пласман во следната фаза е едноставно неприфатливо.