СКП: Аргентинскиот гигант убедлив против Јапонците!

73

Очекувано, Ривер Плата вечерва во Сиетл, со 3:1 успеа да го победи составот на Урава и да освои три бода на стартот од Светското клупско првенство. Ова беше натпревар од 1.коло во групата Е, во која се уште и Интер Милано и Монтереј.

Ривер поведе со голот на Колидио уште во 12.минута. Имаше шанси до крајот на првиот дел да го зголеми водството, но на пауза се замина со тие 1:0.

Во второто полувреме Аргентинскиот гигант преку Дриуси во 48.минута го удвои водството. Јапонците се заканија десет минути подоцна кога Матцуо од пенал намали на 2:1, сепак сите дилеми ги разреши Меца во 74.минута за конечни 3:1 за Ривер Плата.

ФОТО: ФЦ Ривер Плата/ФБ

ПретходноШортс фантастичен, Париз е на чекор до титулата!