Легендарниот Хрват Марио Келентриќ е нов тренер на голманите во Вардар

137
Ракометниот клуб Вардар добива сериозно засилување во стручниот штаб за следната сезона. Легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим, носејќи богато искуство и енергија.
Келентриќ, кој беше дел од златната генерација на Хрватска што ја освои светската круна во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004, ќе работи со голманите на првиот тим, со цел подигнување на нивото на индивидуалната подготвеност.
Досегашниот тренер на голмани, Стојан Петрушевски, останува дел од стручниот кадар и ќе биде задолжен за развојот на млади таленти низ младинските категории, како и за скаутирање на нови имиња – со цел создавање на квалитетен домашен производ за иднината на Вардар.
Келентриќ во својата богата кариера ги бранеше боите на клубови како Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен, Мелсунген, а како тренер работеше во Гумерсбах, каде последниве четири години беше задолжен за сите категории на голмани во клубот. Работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а краток период мина и во ППД Загреб и Слога Добој.
ПретходноЛК: Вардар ако го мине првото коло, ќе си закаже двомеч со Лозана!
СледноИвановски: Одиме напред секоја година, ќе има европска кошарка во Битола