ЛШ: Шкендија, ако го мине ТНС, во 2.квалификациско коло ја чека двомеч со подобриот од дуелот ФЦСБ – Ескалдес!

351

Предмалку во Нион се одржа ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Истата сакаше нашиот шампион, се разбира ако во воведното коло го мине ТНС од Велс, да ги одмери силите со подобриот од двомечот ФЦСБ (Романија) и Ескалдес (Андора). Јасно е големи се шансите, односно веројатноста е голема да ги одмери силите со шампионот на Романија, некогашна Стеауа.

Сепак треба прво да се минет Велшаните. Првиот меч тетовци ќе го играат на свој терен, во реваншот гостуваат.

Овие мечеви на програмата се на 22/23 и 29/30 јули. Да се надеваме дека Шкендија ќе се најде на програмата во ова 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и ќе има двомеч со романскиот гигант и некогашен европски шампион, кој сега се вика ФЦСБ.

ПретходноПознат е распоредот во ПЛ за сезоната 2025/26: На стартот дуел меѓу Јунајтед и Арсенал, Чурлинов со Барнли на гости кај Тотенхем! (ФОТО)
СледноТрајковски потпишува за Комо, ама веднаш оди на позајмица во Палермо?!