Сепак Вардар ќе биде домаќин на првиот меч со Ла Фиорита. Промена во однос на тоа кој ќе биде домаќин на првиот натпревар од двомечорт меѓу Вардар и Ла Фиорита од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа од страна на УЕФА.
Според вчерашната ждрепка првиот меч требаше да се игра во Сан Марино, но со одлука на УЕФА ова е променето ако се знае дека сите наши три екипи во ЛК се паднаа да бидат домаќини во реваншите а гости на првите.
Па така Вардар ќе биде домаќин на првиот меч со Ла Фиорита, меч кој ќе се игра на 10 јули во Скопје, а реваншот се игра во Сан Марино седум дена подоцна.