Болт: Ѓоковиќ е број еден, Видиќ е во моето срце!

118
Фото: Novak Djokovic @DjokerNole

Јусеин Болт не го крие своето восхитување кон српските спортски ѕвезди – Новак Ѓоковиќ, Никола Јокиќ и Немања Видиќ.

Најбрзиот човек во историјата и еден од најголемите атлетичари на сите времиња престојуваше во Белград како промотер на EXPO изложбата која во 2027 година ќе се одржи во српската престолнина.

За време на неговата посета, легендарниот Јамајканец даде интервју за Радио-телевизија Србија, каде зборуваше за своите спортски идоли, но и за српските спортисти кои, како што рече, ги почитува со сето срце.

„Постојат тројца момци кои се издвојуваат – тоа се Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери, ако не и најдобар на сите времиња, Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, иако навивам за Голден Стејт Вориорс, и еден од најдрагите за мене, играше за мојот омилен клуб Манчестер Јунајтед – Немања Видиќ, кој има посебно место во моето срце“, изјави Болт, не криејќи ја својата почит.

Освојувачот на осум златни олимписки медали се осврна и на своите идоли, како и на целта што го водела низ кариерата:

„Мајкл Џордан, Мухамед Али, Пеле – тоа беше мојот сон, да бидам најдобар во својот спорт. Кога луѓето ќе зборуваат за спортски легенди, да зборуваат и за мене. Тоа е причината зошто напорно работев и решив да станам еден од најдобрите спринтери во светот“, порача Болт за РТС.

ПретходноФудбалерот на Челзи е пред драстична казна: Мудрик може да добие суспензија и до 4 години!
СледноБесплатен влез на сите натпревари на ЕМОФ Скопје 2025