„Граѓаните“ рутински до првите бодови на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

88
фото: Manchester City (X)

Фудбалерите на Манчестер Сити без поголеми проблеми дојдоа до планираните бодови во првиот свој настап на Светското клупско првенство во САД. Попладнево на отворањето на новата програма, „граѓаните„ славеа со 2:0 против екипата на Видад Казабланка од Мароко.

Сити поведе по само две минути игра, откако Фил Фоден ја затресе мрежата на Мароканците, а до крајот на првото полувреме белгискиот репрезентативец Жереме Доку погоди и за 2:0.

Во вториот дел не видовме гол, но за одбележување е црвениот картон на младиот Рико Луис од Манчестер Сити, кој беше исклучен во 88. минута поради груб старт. Во рамките на оваа група „Г“ вечерва играат Ал Аин и Јувентус.

ПретходноПознат е комплетниот сезонски распоред: Кога се закажани најголемите дерби дуели во Премиер лигата?
СледноАко не успеат со Дурант, Мајами ќе тргне по Дерозан