Предмалку во Нион се одржа ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Истата сакаше нашиот шампион, се разбира ако во воведното коло го мине ТНС од Велс, да ги одмери силите со подобриот од двомечот ФЦСБ (Романија) и Ескалдес (Андора). Јасно е големи се шансите, односно веројатноста е голема да ги одмери силите со шампионот на Романија, некогашна Стеауа.
Сепак треба прво да се минет Велшаните. Првиот меч тетовци ќе го играат на свој терен, во реваншот гостуваат.
Овие мечеви на програмата се на 22/23 и 29/30 јули. Да се надеваме дека Шкендија ќе се најде на програмата во ова 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и ќе има двомеч со романскиот гигант и некогашен европски шампион, кој сега се вика ФЦСБ.