Претседателот на Словенечката ракометна федерација, Бор Розман, денеска ја потврди можноста Словенија, заедно со Србија и Македонија, да аплицира за организација на Европското првенство во ракомет во машка конкуренција во 2034 година.
Според досегашните дискусии, Словенија се стреми да биде домаќин на две групи од првиот дел од шампионатот, една група од вториот дел и едно полуфинале, додека финалниот дел би се одржал во Белград поради капацитетот на салата.
Засега не се знае каков удел во организацијата би имала Македонија, но ние сигурно би влегле како и Словенците со некоја од групите во првата и фтората фаза од натпреварувањето.