Младинците против Фарски Острови го отвараат Светското првенство (ЛИНК)

66

Македонската младинска машка репрезентација денеска (14 часот) против Фарски Острови го игра првиот натпревар на Светското првенство кое се одржува во Полска.

Селекторот, Раде Стојановиќ и неговите момци се во групата Ф задено уште со селекциите на Романија и Исланд, база на нашите ракометари е Катовице.

Во составот на македонската репрезентација поради повреди нема да бидат Дамјан Митев и Самоил Ристевски.

Македонија се враќа на светската сцена за првпат после 2017 година, оваа генерација ветува многу, лани заврши на 9-тото место на ЕХФ ЕУРО.

Иако имаат поголемо искуство, сепак не треба да се потцени Фарски Острови, тие со години градат дански систем во ракометот. Противникот на СП влезе со вајлд-карта, за него ова ќе биде трето учество. Последните две генерации на Ф.Острови направија голем напредок.

Но, Македонија во тимот има ракометари кои настапуваат во сениорски тимови, веќе имаат и меѓународно искуство, па од Раде Стојановиќ се очекува повторно да направи вистински бум и на светска сцена.

Вториот меч ракометарите го играат веќе утре против Романија, додека на 21 за противник ја имаа селекцијата на Исланд.

ПретходноУЕФА смени: Вардар домаќин на првиот меч со Ла Фиорита!
СледноВардар и Донгмо и официјално ја продолжија соработката! (ФОТО)