Бутел Скопје доби искусен голман откако Благојче Трајкоски стави потпис на договорот со овој клуб до 2027 година.
Трајкоски, кој има 38 години и богата кариера, доаѓа од редовите на Алкалоид, а има запишано и настапи на Светското првенство во Франција 2017 во дресот на Македонија.
Трајкоски потекнува од Прилеп, бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер. Од 2022 година бранеше во Автокоманда.
Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.
ФОТО: РК Бутел/ФБ