Откако денеска беа извлечени комплетните двојки за новата сезона во англиската Премиер лига, познати се и термините на одигрување на дуелите во најголемите дербија во сезоната.
Шампионот Ливерпул градското дерби со Евертон ќе го одигра веќе во 3. коло и тоа на 23 август на домашен терен. Реваншот е закажан за 4 април следната година.
Севернолондонското дерби Арсенал – Тотенхем, првата преметка ја има на 22 ноември на стадионот на „топчиите“, додека реваншот на теренот на Тотенхем е на 21 февруари идната година.
Градските ривали од Манчестер, првиот свој меѓусебен дуел го закажаа на 13 септември на „Етихад“, додека Јунајтед ќе биде домаќин на вториот меч на 17 јануари следната година.
По враќањето на Сандерленд во елитата, оваа година не чека и дербито наречено Тајн-Вир, во кое учествуваат Њукасл и Сандерленд. Ова е едно од најстрасните регионални соперништва во англискиот фудбал, а своето деби по пауза од 10 години ќе го има на 20 декември на „Ст. Џејмс Парк“. Реваншот на „стадионот на светлината“ во Сандерленд ќе биде на 21 март 2026 година.