Откако и дефинитивно сега е јасно дека Ламине Јамал одморот го минал со Фати Васкез, позната инфлуенсерка која 12 години е повозрасна од мега – ѕвездата на Барселона, јавноста се “запали“. Имено дел од фановите ја “нападнаа“ убавата Фати, пишуваат неприкладни коментари на социјалните мрежи.
По се ова реагираше самата Фати која се огласи во јавноста со свој коментар за целата ситуација:
„Тажно е да се види како некои луѓе носат толку многу темнина во себе и одат дотаму што му посакуваат смрт на некој што дури и не го познаваат. За разлика од нив, јас избрав да имам цел во животот, постојано да напредувам и да бидам опкружен со луѓе кои носат светлина, а не темнина. Им посакувам на оние кои сакаат да ме повредат да оздрават затоа што оние кои се здрави и добри со себе не сакаат да уништат некој друг.“напиша таа.
Инаку во дел од коментарите имаше и смртни закани кон нејзе, но тоа е модерното време на социјални мрежи.
ФОТО: Ламине Јамал/Х