УЕФА го скрати списокот со можните ривали на нашите екипи за 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК(ФОТО)

308

Утринава како што беше и официјално најавено, УЕФА ги одреди групите во пресрет на денешната ждрепка за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и во Лигата на Конференции. Истата ќе се одржи денеска во Нион, и тоа во 12 часот за ЛШ и во 14 часот за Лигата на Конференции.

Вардар се наоѓа во групата 1 во ЛК, и ако ја мине Ла Фиорита на стартот, тогаш во 2.коло би можел да игра со Шамрок, Санта Клара, Данди Јунајтед, Балкани…

No description available.

Работнички е во групата 8 и би можел да се сретне со Макаби, Австрија Виена…

No description available.

Силекс на стартот го има за ривал Дечич од Црна Гора и ако ја мине оваа пречка тогаш во 2.квалификациско коло би добил за противник екипа како Рапид, Јагелонија…

No description available.

Шкендија во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите треба да ја мине екипата на ТНС, и ако биде успешна тогаш во следната фаза во ова натпреварување би се сретнала со една од овие екипи, Слован, Карабах…

No description available.

Ждрепката е денеска во 12 часот во Нион за ЛШ и 14 часот за ЛК.

Да кажеме дека мечевите од 2.квалификациско коло во ЛК се играат на 24 и 31 јули, а во Лигата на Шампионите на 22/23 и 29/30 јули.

ПретходноШпекулација или….: Митровиќ пред трансфер во Реал Мадрид?!
СледноЈунајтед за него плати 73 милиони евра, а тој на улица игра мал фудбал со другарите! (ВИДЕО)