У16: Пионерките утре почнуваат на Балканското првенство во Црна Гора

21
фото: vfmkd.org.mk

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 16 години од попладнево е во Плевља, Црна Гора, каде од утре до 23 јуни ќе се одржува БВА Балканскиот шампионат. Младите надежи на ова натпреварување ги предводи селекторот Горан Славков и неговиот помошник Виктор Зафиров.

Пионерките една седмица се подготвуваа во Скопје, во пресрет на Балканијадата на која покрај Македонија и домаќинот Црна Гора ќе настапат уште и Бугарија, Грција и Турција. Репрезентациите ќе се натпреваруваат по системот „секој со секого“.

Македонија, утре, во првото коло ќе игра против организаторот Црна Гора во 18 часот. Во второто коло, ден подоцна, од 15:30 часот пионерките ќе се соочат со Турција. На 21 јуни во 15:30 часот за противник ја имаат Грција. 22 јуни ќе биде слободен ден за нашите девојчиња, додека во последното коло на 23 јуни играат со Бугарија.

ПретходноАко не успеат со Дурант, Мајами ќе тргне по Дерозан
СледноФудбалерот на Челзи е пред драстична казна: Мудрик може да добие суспензија и до 4 години!