ФА и официјално го обвини украинскиот репрезентативец и фудбалер на Челзи, Михаил Мудрик за прекршување на антидопинг прописите. Крилниот напаѓач на Челзи, кој не игра од ноември, може да биде суспендиран и до 4 години.
Мудрик е привремено суспендиран откако беше позитивен на допинг тест. Се наведува дека Мудрик бил позитивен на мелдониум откако играл за националниот тим во ноември – и оттогаш немаше настап.
„Можеме да потврдиме дека Михаил Мудрик е обвинет за прекршување на антидопинг правилото, вклучително и поседување или употреба на забранета супстанца, согласно одредбите 3 и 4 од антидопинг прописите на Фудбалската асоцијација. Бидејќи случајот е во тек, во овој момент не сме во можност да коментираме за следните постапки“, изјави портпаролот на Фудбалската асоцијација.
Според правилата на Фудбалската асоцијација на Англија, Мудрик може да се соочи со дисквалификација до 4 години.