Вардар 1961 испрати покана за промоција на новиот тренер за следната сезона. Како нов стратег на најтрофејниот македонски ракометен колектив е најавен Иван Чупиќ, човекот кој беше дел од златната генерација во 2017 и 2019 во Лигата на шампиони.
Поранешниот хрватски ракометар со себе носи нов стручен штаб. А дека ќе има комплетна промена говори и фактот дека Вардар 1961 денеска го промовираше Марио Келентриќ за тренер на голманите.
Засега не се познати комплетните планови околу стручниот штаб, од таборот на Вардар 1961 молчат, оставија се да најават во петок. На прес-конференцијата ќе биде Михајло Михајловски, претседателот на клубот.
Чупиќ доаѓа на местото на Гиљермо Милано, кој во стручниот штаб го имаше Стојанче Стоилов. Иако имаме информации за проблеми во вардаровиот рај, сепак останува надежта дека легендарниот капитен ќе биде дел од тренерскиот тим.
Единствено искуство како тренер на Хрватот е клубот од родното место, Метковиќ.