Шпекулација или….: Митровиќ пред трансфер во Реал Мадрид?!

416

Во текот на ова лето ќе се изначитаме разни шпекулации за тоа кој каде ќе оди, кој и каде ќе прави трансфер. “Инсајдерите“ ќе лиферуваат “вистински“ информации, некои ќе останат забележани а некои не.

Па така веројатно е шпекулација онаа дека Александар Митровиќ, капитенот на репрезентацијата на Србија и член на Ал Хилал од Саудиска Арабија, би можел да заврши во Реал Мадрид ова лето.

Оваа информација синоќа ја лансираше еден познат портал во Шпанија, а ја презедоа многумина ширум Европа, а најмногу се разбира медиумите кај нашиот северен сосед.

На прв поглед делува неверојатна, не дека Александар Митровиќ е слаб фудбалер, напротив, но досега никој ама баш никој од таборот на “кралевите“ не проговорил за вакво нешто, а штом и “Марка“ не се огласува, тогаш веројатно се знае за што станува збор.

ПретходноСерхио Рамос го расипа дебито на Киву во Интер, во Орландо се играше пред 3.500 гледачи! (ВИДЕО)
СледноУЕФА го скрати списокот со можните ривали на нашите екипи за 2.квалификациско коло во ЛШ и ЛК(ФОТО)