Данел Џордан Донгмо, одличниот игрч за врска и во наредните две години ќе биде дел од нашиот најтрофеен клуб. Имено денеска во Раденци, каде се наоѓаат “црвено – црните“ на подготовки, Камерунецот и официјално стави потпис на новиот договор со Вардар.
Секако дека ова е убава вест за сите во Вардар, а посебно за стратегот Гоце Седлоски.
Инаку Камерунецот е дел од освојувачот на Купот од минатото лето кога дојде во Македонија од Франција, од тимот на Троа. Во минатата сезона забележа 28 настапи за Вардар, имаше и една асистенција, но се покажа во светло издание посебно во дефанзивните задачи во средниот ред на Вардар.