Пеп Гвардиола: Секако дека побарав благослов од Јирген Клоп!

522

За Манчестер Сити минатата сезона беше лоша, да не речеме катастрофална. Ако еден клуб од типот на Сити со Пеп Гвардиола остане без трофеј, тогаш јасно е што може да се заклучи за тоа како мина 2024/25 за сите во таборот на “граѓаните“.

Сепак тоа е минато, Пеп не планира истото да се повтори, па затоа во летниот преоден рок и тоа како е активен, успеа да се засили со неколкумина квалитетни играчи, а познато е дека се враќа и Родри.

Во пресрет на денешниот меч на СКП против Видад од Мароко, кој е закажан за 18 часот, покрај другото изнесе интересно видување како за асистент го ангажирал Пеп Лијндерс, инаку некогашен член на стручниот штаб на Јирген Клоп во Ливерпул:

Секако дека побарав благослов од Јирген Клоп. Прво разговаравме на неколку други теми, а во текот на разговорот го начнавме и Лијндерс. Клоп имаше убави зборови за него, со назнака дека тој му бил десна рака во Ливерпул. Потоа малку оставив време, го контактирав Лијндерс а секако дека го прашав Клоп дали можам да разговарам со неговиот некогашен помошник. Откако Јирген ми даде „дозвола“ потоа се договоривме со Пеп да дојде во Сити“ открива Пеп Гвардиола.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/ФБ

ПретходноАЕК му откажа на ГРК Охрид!
СледноОва се двојките за 2.квалификациско коло во ЛШ! Ц. Звезда има многу лесна задача!