Легендата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, сегашен член на мексиканскиот Монтереј, се разбира дека тоа е Серхио Рамос уште еднаш покажа дека знае и тоа како да игра добар фудбал. Утринава по средноевропско време, во меч од 1.коло во групата Е на СКП во САД, го расипа дебито на Кристијан Киву на клупата на Интер.
Монтереј и Интер одиграа 1:1, а уште повеќе тимот од Мексико можеше да поведе ако се знае дека токму со голот на Рамос водеше од 25.минута на овој меч во Пасадена. Интер израмни преку Лаутаро Мартинез во 42.минута. Свое деби за тимот од Милано имаше и Хрватот Сучиќ.
Очигледно е дека Киву го чека и тоа како тешка и напорна работа со европскиот вицешампион.
Во Орландо играа Улсан и Мамелоди. И кога во САД ќе се сретнат тим од Ј. Кореја и тим од Ј.Африка тогаш јасно ви е дека мора падне рекорд на слаба посета. Стадионот во Орландо е со капацитет од 30.000 гледачи а на трибините имаше само 3.500. На овој меч во ложата беше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Инаку победи составот од Ј.Африка и тоа со голот на Рејнерс во 36.минута.
ФОТО: ФЦ Монтереј/Х
Monterrey corner = Sergio Ramos goal 😤
(via @DAZNFootball)pic.twitter.com/y0ezGjpz1L
— B/R Football (@brfootball) June 18, 2025