Дивац доживеа собраќајна несреќа

280

Прославениот кошаркар и поранешна НБА ѕвезда Владе Дивац доживеал сообраќајна несреќа на црногорскиот брег.

Според исказите на очевидци што ги објави „Победа“, Дивац паднал од својот мотоцикл во близина на Луштица.

По падот, тој не можел сам да стане поради повредите, и набрзо бил префрлен во болница за понатамошна медицинска нега.

Досега не се објавени официјални информации за сериозноста на повредите што Дивац ги здобил во овој инцидент.

Познато е дека Дивац често бил во Црна Гора во последните неколку години, а минатата година, за време на одморот во Бока Которска, бил во друштво на еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Меџик Џонсон.

ПретходноЈувентус и Адидас со договор вреден 400 милиони евра
СледноМеси со мајсторија му донесе важна победа на Интер (ВИДЕО)