Корберан не смета на Столе, нашиот голман ќе мора да си бара нов клуб

450

Иднината на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во екипата на Валенсија останува мистерија само една година откако потпиша за „лилјаците“. Столе кој е на одмор во Токио, објави неколку слики облечен во класичен дрес на Валенсија, но во моментов неговото место на голот на Валенсија може да биде повторно проблематично, затоа што новиот тренер на тимот си има свој фаворит.

Мамардашвили замина за Ливерпул, но тренерот на Валенсија, Карлос Корберан, одлучи да ја засили голманската позиција со Хулен Агирезабала, кој одлучи да ја напушти клупата на Атлетик Билбао и да дојде во Валенсија за да биде прв голман.

Овој потег на тренерот на Валенсија јасно става до знаење дека тој нема да смета на Столе како на прв голман, па нашиот репрезентативец е можеби најдобро веќе да си бара и нов клуб.

ПретходноМожат и мора подобро: Младинците против Романија за прва радост на СП (ЛИНК)
СледноФудбалерите на Јувентус беа гости на Трамп, тој го исполитизира настанот со незгодни прашања