Меси со мајсторија му донесе важна победа на Интер (ВИДЕО)

543
Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Порто со резултат 2:1 во натпреварот од второто коло во групата А на Светското клупско првенство на ФИФА кое се одржува во САД.

Порто поведе во осмата минута со гол од пенал на Саму, но Интер направи пресврт на почетокот од второто полувреме. Прво Теласко израмни во 47. минута, а само седум минути подоцна Лионел Меси постигна спектакуларен гол од слободен удар за конечна победа.

 


Палмеирас во првиот натпревар од денот го победи Ал Ахли со 2:0, па сега и тие заедно со Интер Мајами се на врвот на табелата со по четири бода пред меѓусебниот дуел што ќе се игра во ноќта меѓу понеделник и вторник. Евентуално нерешен резултат на таа средба би значел пласман понатаму за двете екипи, без разлика на исходот од мечот меѓу Порто и Ал Ахли.

ПретходноДивац доживеа собраќајна несреќа
СледноИндијана фантастична против Оклахома, ќе има седми меч во НБА финалето (ВИДЕО)