Можат и мора подобро: Младинците против Романија за прва радост на СП (ЛИНК)

719
Фото: IHF/https://kolektiffimages.photoshelter.com/

Македонската младинска ракометна репрезентација после поразот од Фарски Острови на стартот на Светското првенство до 21 година, денеска мора да се исправи и да се обиде да се покаже во многу подобро светло за да го запише првиот триумф на Мундијалот.

Противник на избраниците на Раде Стојановиќ е селекцијата на Романија, која стартуваше со победа над Исланд од четири гола разлика (25-29).

Познавајќи го капацитетот со кој располагаат сите ракометари кои се во составот, Македонија мора да го подигне нивото, а предводникот на оваа репрезентација да го извади максимумот и тактички да го надмудри противникот.

Покрај Фарски Острови и Романија, во групата со нашиот тим е селекцијата на Исланд.

Мечот можете да го гледате на линкот во продолжение, да се надеваме дека ИХФ ќе се погрижи за вистински и многу подобар стрим од вчера.

ПретходноРистовски: Зајец ми вети нов договор, но потоа работите почнаа да се менуваат
СледноКорберан не смета на Столе, нашиот голман ќе мора да си бара нов клуб