Фудбалерите на Јувентус беа гости на Трамп, тој го исполитизира настанот со незгодни прашања

312

Американскиот претседател Доналд Трамп го исполитизира присуството на фудбалерите на Јувентус во Белата куќа за да го оправда својот став кон емиграцијата во неговата земја. Тој пред фудбалерите на Јувентус и новинарите зборуваше за легалниот влез во САД, но и за некои други прашања.

„Луѓето мора да дојдат легално. Како овие луѓе зад мене. Тие мора да дојдат легално. Ако дојдат легално, ги сакаме. Тие мора да кажат дека ја сакаат Америка, дека ја сакаат нашата земја. Ако не можат да го кажат тоа, тогаш не ни требаат“, рече Доналд Трамп, покажувајќи кон играчите зад него, меѓу кои беа и Американците Вестон МекКени и Тимоти Веа.

Трамп го искористи вниманието на медиумите за да освои политички поен во битката со промоторите на идејата дека трансродовите лица можат да се натпреваруваат на професионално ниво на натпревари на кој не припаѓаат по раѓање.

Особено, во САД се водат неколку судски случаи откако некои трансродови натпреварувачи се појавија на женски натпревари иако се родени мажи кои потоа одлучиле да се подложат на процес на хормонска терапија и промена на пол.

„Дали жена може да игра во вашиот тим, момци?“, ги изненади Трамп играчите на Јувентус.

Тие најчесто се смееја горчливо, но ниту еден играч не се осмели да одговори.

ПретходноКорберан не смета на Столе, нашиот голман ќе мора да си бара нов клуб
СледноДури пет македонски одбојкарски клубови ќе играат во европските купови