Карлос Алкараз, по освоениот Ролан Гарос, успешно ја започна и сезоната на трева.
Денеска избори пласман во четвртфиналето на турнирот во Квинс, совладувајќи го својот сонародник Хаиме Мунар со 2:1 во сетови – 6:4, 6:7 (7), 7:5.
Иако не беше во најдобар ритам, особено во третиот сет кога имаше заостаток од еден брејк (2:4), Алкараз успеа да направи пресврт со три последователни гема, а при резултат 6:5 ја искористи првата меч-топка за да обезбеди пласман во следната рунда.
Во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Рајли Опелка и Артур Риндернеш.
Погледнете подолу како изгледаше решавачкиот поен од мечот.
Match point de hoje. pic.twitter.com/2roMamATHU
— Carlos Alcaraz Brasil (@carlosalcarazbr) June 19, 2025