Алонсо: Со три тренинга не се прават радикални промени

473

Новиот тренер на Реал (М), Чаби Алонсо изјави дека му треба време да ги имплементира своите идеи во Реал Мадрид.

Мадридскиот тим ремизираше со Ал-Хилал (1:1) во натпреварот од Светското клупско првенство, што беше и деби за новиот предводник на „кралевите“.

„Знаев дека ќе биде потребно време. Има работи што треба да се променат. Треба да ги поправиме – ќе продолжиме да го правиме тоа. Потребно е време. Имавме девет дена за подготовка, а некои играчи имаа само три тренинзи. Не е толку едноставно, но ние сме на турнирот и сакаме да учиме. Она што сакаме да го направиме ќе потрае“, рече главниот тренер на Реал Мадрид.

ПретходноСКП: Јувентус го „растури„ Ал Аин, победа и за Салцбург (ВИДЕО)
СледноГерманците го вратија правилото 50+1: Проблем за Баер, РБ Лајпциг и Волфсбург