Гатузо: Прво да ја вратиме Италија да личи на Италија, потоа ќе гледаме шеми и тактики

173
фото: PrintScreen

Џенаро Гатузо го имаше првото обраќање во јавноста како селектор на репрезентацијата на Италија. Тој пред новинарите истакна дека во моментов размислува само на тоа како да го врати победничкиот менталитет на тимот.

„Секако ова е остварување на еден сон. Не е лесна задача, но ништо во животот не е лесно. Нема многу што да се каже, мора да се работи. Со години велат дека немаме играчи. Мислам дека само треба да им влеземе во главата за да ги натераме да играат најдобро што можат. Мојата цел е да ја вратам Италија на Светското првенство, што е фундаментално за нас. Потребен ни е ентузијазам за да се обединиме и да останете обединети во тешки моменти. Мојата цел е да донесам радост, да создадам семејство. Шеми, тактики – потоа. Треба да се вратиме на менталитетот што нè одликуваше сите овие години“, рече новиот селектор на Италијанците.

ПретходноПотврдено: Борозан останува во дресот на Вардар и следната сезона
СледноСтефан Тасев се враќа во Тиквеш