Дури пет македонски одбојкарски клубови ќе играат во европските купови

50

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските купови.

Двата најдобри колективи во машка конкуренција, шампионот Струмица 47&72 и освојувачот на Купот, Штип УГД, односно трите клуба кај дамите кои ја одиграа клучната улога во распределбата на трофеите – шампионот Јанта Волеј КВ, освојувачот на Купот, Наковски Волеј и финалистот во првенствениот плеј-оф, Работнички Скопје, се расположени да се пробаат на европско тло. Интересно е што дури три клуба, Штип УГД, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј премиерно ќе заиграат во ЦЕВ куповите.

Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ, согласно шампионскиот статус кој го имаат пријавија учество за настап во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Штип УГД и Наковски Волеј, пак, аплицираа за учество во Челинџ купот, додека Работнички Скопје поднесе барање за „вајлд-карта“ до ЦЕВ за учество во третото по квалитет европско клупско натпреварување. Но според правилата на ЦЕВ, Работнички најверојатно ќе ја добие поканата за учество, со што Македонија ќе има рекордни пет европски претставници следнава сезона.

Ждрепката за сезоната 2025/26 за сите три европски клупски купови – Лигата на шампионите, ЦЕВ купот и Челинџ купот е закажана на 15 јули на пладне, во седиштето на ЦЕВ во Луксембург.

ПретходноФудбалерите на Јувентус беа гости на Трамп, тој го исполитизира настанот со незгодни прашања
СледноПотврдено: Борозан останува во дресот на Вардар и следната сезона