Клубот на Берлускони заминува во американски раце

275
фото: AC Monza (X)

Досегашниот италијански прволигаш Монца ќе добие американски газди. Клубот од предградието на Милано собра 18 бода од 38 натпревари, заврши на 20-то место и испадна од Серија А по три сезони во првата италијанска лига.

Според  Џанлука Ди Марцио, американските инвеститори, претставувани од поранешниот извршен директор на Рома, Мауро Балдисони, се блиску до финализирање на договорот.

Спортски директор на клубот ќе биде поранешниот дефанзивец на Интер, Рома и Аргентина, Николас Бурдисо. По завршувањето на кариерата, тој работеше во Бока Јуниорс на оваа позиција и беше технички директор во Фиорентина.

Во 2020 година, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја купи Монца. Адријано Галијани, кој дојде во клубот со Берлускони како извршен директор, може да остане во клубот, но засега не се знае неговата точна позиција која би ја извршувал.

ПретходноНБА Европа може да стартува за две до три години!
СледноГорица му се заблагодари на Агон Елези