Кирил Лазров и шампионскиот тим на Барселона прославија една деценија од освојувањето на една од титулите во Лигата на шампиони. Нашиот најдобар ракометар беше дел од каталонскиот тим кој во 2015 година го подигна пехарот во ова натпреварување.
Македонскиот бомбардер беше втор најдобар стрелец во Лигата на шампиони со 106 голови. Барселона во финалето го победи Веспрем со 28-23.