Македонецот блеска во Узбекистан: Нов гол на Дориев за победа на Согдиана!

120

И во новата сезона во елитната лига во Узбекистан, нашиот интернационалец Љупче Дориев блеска во дресот на Согдиана. Па така Македонецот попладнево во меч од 13.коло, со гол во 84.минута му донесе триумф на својот тим од 1:0. Секако дека ова се екстра значајни три бода за овој тим со кои побегна од опасната зона на табелата.

Што е поважно, ова беше седми гол на Дориев во изминатите 13 кола и со тоа тој се наоѓа на второто место на листата на стрелците во шампионатот на Узбекистан, притоа има запишано и две асистенции.

Со ваков скор важи за еден од најдобрите фудбалери во тамошното првенство, секако и најдобар во тимот на Согдиана.

Инаку Дориев точно две години е во овој тим, кога во јули 2023 направи трансфер од Шкендија. Претходно играше и за екипите на Брера и Хоризонт Турново, а за селекцијата на Македонија запиша девет настапи.

ПретходноГорица му се заблагодари на Агон Елези
СледноМареј: Не сум сигурен дека уживав додека го тренирав Ѓоковиќ