НБА Европа може да стартува за две до три години!

63

Заменик-комесарот на НБА лигата, Марк Тејтум, потврди дека во тек се активни дискусии со клучните засегнати страни, вклучувајќи ги инвестициските банки, Евролигата и ФИБА за доаѓањето на НБА во Европа.

Тејтум откри дека неодамна се одржал состанок во Женева каде што претставници од НБА, Евролигата, ФИБА и сите 13 клубови акционери на Евролигата седнале на иста маса за првпат.

„Ова беше прв пат сите три страни, вклучувајќи ги и клубовите, да седнат заедно и да разговараат за иднината на европската кошарка и како таа треба да изгледа. Би рекол дека состанокот беше продуктивен, имаше добри разговори“, рече Тејтум.

Иако Евролигата претходно отфрли официјално партнерство со НБА, односите значително се подобрија, делумно благодарение на вклученоста на Тони Паркер.

Извршниот директор на Евролигата, Паулиус Мотијунас, исто така го потврди напредокот во разговорите:

„На сите им е јасно дека мора да работиме заедно. Верувам дека ова беше само прв од многуте состаноци на кои ќе најдеме начини да растеме. ФИБА има јасни и едноставни желби. Сега мора да најдеме заеднички начин за напредок на европската кошарка. Нашата историја, навивачката база и тимовите што ги имаме се силна основа врз која може да се изгради сè “, рече првиот човек на Евролигата.

Магазинот „Атлетик“ пишува дека НБА Европа би можела да биде лансирана за две до три години, доколку преговорите продолжат во позитивна насока.

ПретходноАлександар Стефановски е нов генерален извршен директор на ФК Пелистер АД
СледноКлубот на Берлускони заминува во американски раце