Ристовски: Зајец ми вети нов договор, но потоа работите почнаа да се менуваат

417

Македонскиот интернационалец и сега веќе поранешен играч на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, во интервју за „Германијак“ зборуваше за времето минато во Загреб, но и за случувањата кои доведоа до негово заминување од „Максимир“.

„Динамо е мојот омилен клуб во кариерата. Без сомнение. Едноставно го чувствувам тоа во себе и секогаш ќе биде така. Петте најдобри години од мојата кариера ги поминав на Максимир, моето семејство уживаше во Загреб и сигурно е дека збогувањето ми беше тешко – исто како што е сигурно дека сината боја секогаш ќе тече низ моите вени“, изјави Ристовски.

Тој откри дека Велимир Зајец му рекол дека ќе потпише нов договор.

„Всушност, тоа беше договор на почетокот на годината. Се враќавме од патување, а Велимир Зајец ми рече на аеродромот да не се грижам, дека ќе потпишеме нов договор. Мислев дека е завршена работа, но, како и секогаш, додека немате нешто на хартија – ништо не е сигурно. Набрзо Мариќ дојде и работите во клубот почнаа да се менуваат. Почувствував каде води тоа, па разговарав со Маненица и му кажав јасно: „Без разлика што, ако одлучите да не продолжиме заедно, сакам да се ракуваме и разделбата да биде џентлменска. Динамо е голем клуб, јас бев еден од капитените тука, емоциите секогаш ќе бидат силни и нема да се согласам на ништо помалку од чесна разделба.“

ПретходноТрент: Ова беше деби за кое секој фудбалер сонува
СледноМожат и мора подобро: Младинците против Романија за прва радост на СП (ЛИНК)