Си оди од Силекс: Дарко Додев пред трансфер во Тајланд?!

384

Како што дознаваме, Дарко Додев и Силекс не се договориле за продолжување на соработката откако на одличниот офанзивец му истече договорот со кратовци. Па така Додев сега е пред трансфер во Тајланд, има две понуди од кои едната е од тимот Ајутуа Јунајтед, кој е нов член на елитната лига во таа земја.

Имало интерес за него и од тимови од Азербејџан, се споменува и Арсенал Тула од Русија, па во текот на следните неколку дена ќе се знае каде ќе ја продолжи својата кариера.

Кога сме кај Додев тој беше еден од најдобрите во минатата сезона во редовите на Силекс, еден од најдобрите и во цела ПМФЛ. “СпортСпорт“ го стави и во тимот сезоната поради неговите одлични настапи во дресот на кратовци. Токму таквите игри доведоа да има интерес за него.

Да потсетиме дека Дарко Додев (27) досега во својата кариера има играно и за екипите на Металург Скопје, Тиквеш, Брегалница, Влазнија (Албанија), Шкупи.

ПретходноЉафтов: Најдобра одбојка треба да покажеме во Струмица
СледноПионерките поразени од Црна Гора на стартот на Балканијадата во Плевља