Уште едно реми на Македонија У14 против Албанија

131

Младата репрезентација на Македонија до 14 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамкиот на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

На стадионот „Билјанини извори” во Охрид , двете репрезентации одиграа доста тврд и борбен натпревар, без премногу можности за погодок.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации одигран во Корча, Албанија заврши нерешено 1:1.

Македонија: Марио Стојковски, Хамза Зубери, Давор Танески, Калин Аврамоски, Ејман Емини, Давид Рамадан, Ариан Исаку, Васко Трајков, Доротеј Христов, Драган Петков, Алиу Дијар;

Селектор: Горан Станковски

ПретходноФ1 се враќа во Јужна Африка: Патеката Кјалами доби одобрение од ФИА
СледноМихаилов заминува за Словенија и седнува на клупата на Радомље!?