Нико Вилијамс се договори со Барселона, се чека „зелено светло“ од Атлетик

308

Инсајдерот Фабрицио Романо објави дека Барселона се договорила со Нико Вилијамс за личните услови на трансферот.

Откако Ламин Јамал и Нико Вилијамс ја воодушевија шпанската публика за време на Европското првенство, многумина се надеваа дека двете млади ѕвезди ќе продолжат да воодушевуваат во исти клуб. Романо сега потврди дека Нико Вилијамс и Барселона се договориле за личните услови на договорот.

Вчера се појавија фотографии од спортскиот директор на Барса, Деко, од аеродромот „Ел Прат“ во Барселона, каде наводно одел на Ибица за да се сретне со агентите на Нико Вилијамс.

Страните се согласиле на договор до 2031 година. Сега Барса треба да се договори со Атлетик Билбао.

ПретходноНова катастрофа во Полска: Македонија водеше шест разлика, па загуби од Романија
СледноКреспо се врати на кормилото на Сао Паоло