Потврдено: Борозан останува во дресот на Вардар и следната сезона

317

Вицешампионот Вардар 1961 денеска потврди дека со црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигна договор за продолжување на соработката.

Моќниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство беше еден од клучните играчи во освојувањето на Куп титулата оваа сезона

ПретходноДури пет македонски одбојкарски клубови ќе играат во европските купови
СледноГатузо: Прво да ја вратиме Италија да личи на Италија, потоа ќе гледаме шеми и тактики